Скопје, 31.10.2016г. – Привремената комисија за следење на медиумското претставување врз основа на писмените извештаи за извршен мониторинг на изборното медиумско претставување врз 18 програмски сервиси, за период од 12 до 21 октомври 2016 година, достави Предлози за постапување до Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги.
Предлози за поведување прекршочна постапка, Привремената комисија достави за ТВ Сител ДООЕЛ Скопје и ТВ Нова ДООЕЛ Скопје заради констатирана повреда на член 75 став 1 од Изборниот законик, додека за ТВ Алфа ДООЕЛ Скопје за член 75-б од истиот законик.
Сите Предлози на Привремената комисија за следење на медиумското претставување се достапни на линковите во прилог:
Предлози за изрекување мерка
Предлози за неизрекување мерка
Македонска Радиотелевизија – Прв програмски сервис МРТ 1
Македонска Радиотелевизија – Прв програмски сервис МРА 1
Македонска Радиотелевизија – Втор програмски сервис МРТ 2