Скопје, 24.11.2016г. – Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги изврши редовен административен надзор врз работата на сите 134 радиодифузери коишто емитуваат телевизиска или радио програма.
Надзорот е извршен со цел да се провери дали се почитува обврската од член 15 став 3 од Законот за медиуми, според која радиодифузерите се должни податоците за сопственичката структура, одговорниот уредник/уредници и за изворите на финансирање во претходната година, да ги објават на сопствената програма, најмалку три пати годишно, во ударни термини и снимката од објавата да ја достават до Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги во рок од 15 дена од денот на објавувањето.
При вршењето на надзорот, Агенцијата констатираше дека единствено Трговското радиодифузно друштво БИ-КИ-АЛ ДООЕЛ Битола не ја исполнило оваа законска обврска, додека останатите 133 радиодифузери соодветно постапиле по член 15 став 3 од Законот за медиуми.
Извештаите од спроведените надзори се достапни на линковите во прилог:
Општ извештај за сите радиодифузери коишто емитуваат ТВ и радио програма