Предлози од Привремената комисија за ТВ Нова, ТВ МТМ, К Три Телевизија и ЕФ-ЕМ 90.3 Спортско радио

image_pdfimage_print

Скопје, 08.12.2016г. – Привремената комисија за следење на медиумското претставување врз основа на писмени извештаи од мониторинг над изборното медиумско претставување, до Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги поднесе Предлози за постапување за ТВ Нова Дооел Скопје, ТВ МТМ Дооел Скопје, К Три Телевизија Дооел Куманово и ЕФ-ЕМ 90.3 Спортско радио Дооел Скопје.

Предлози за поведување прекршочна постапка во која судот ќе изрече прекршочна санкција – глоба, Привремената комисија достави за ТВ Нова Дооел Скопје заради непочитување на член 75-ѓ став 1 и член 76 став 4 од Изборниот законик.

Предлози за поведување прекршочна постапка-опомена, Привремената комисија достави за ТВ МТМ Дооел Скопје и К Три Телевизија Дооел Куманово заради непочитување на член 75-ѓ став 1 од Изборниот законик и за ЕФ-ЕМ 90.3 Спортско радио Дооел Скопје заради непочитување на член 76 ставови 1 и 2 од Изборниот законик.

Предлозите од Привремената комисија за следење на медиумското претставување се достапни на линковите во прилог:

Предлози за изрекување мерка-глоба:

Предлог за изрекување мерка-глоба – ТВ Нова Дооел Скопје (член 75-ѓ став 1 од Изборниот законик)

Предлог за изрекување мерка-глоба – ТВ Нова Дооел Скопје (член 76 став 4 од Изборниот законик)

Предлози за изрекување мерка-опомена:

Предлог за изрекување мерка-опомена – ТВ МТМ Дооел Скопје

Предлог за изрекување мерка-опомена – К Три Телевизија Дооел Куманово

Предлог за изрекување мерка-опомена – ЕФ-ЕМ 90.3 Спортско радио Дооел Скопје



Accessibility

Accessibility