Поведени прекршочни постапки против ТВ Нова, ТВ Сител, ТВ МТМ, К Три Телевизија и ЕФ-ЕМ 90.3 Спортско радио

image_pdfimage_print

Скопје, 09.12.2016г. – Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги по поднесените Предлози за постапување од Привремената комисија за следење на медиумското претставување, до надлежниот суд поднесе три барања за поведување прекршочни постапки за изрекување прекршочна санкција – глоба и три барања за поведување прекршочни постапки за изрекување прекршочна санкција – опомена.

Прекршочни постапки за изрекување мерка-глоба се поведуваат против ТВ Нова ДООЕЛ Скопје за прекршување на член 75 став 1 и член 76 став 4 и против ТВ Сител ДООЕЛ Скопје за член 75 став 1 од Изборниот законик.

Прекршочни постапки за изрекување мерка – опомена, се поведуваат против ТВ МТМ Дооел Скопје и К Три Телевизија Дооел Куманово заради непочитување на член 75-ѓ став 1 од Изборниот законик и против ЕФ-ЕМ 90.3 Спортско радио Дооел Скопје, заради непочитување на член 76 ставови 1 и 2 од Изборниот законик.

Предлозите за постапување од Привремената комисија за следење на медиумското претставување и извештаите од извршениот надзор (мониторинг) можат да се преземат на следните линкови:

Предлози за изрекување мерка-глоба

Предлог за изрекување мерка – ТВ Нова ДООЕЛ Скопје (член 75 став 1 од Изборниот законик)

– Писмен извештај од извршен мониторинг – ТВ Нова ДООЕЛ Скопје


Предлог за изрекување мерка – Телевизија Нова ДООЕЛ Скопје (член 76 став 4 од Изборниот законик)

– Писмен извештај од извршен мониторинг – Телевизија Нова ДООЕЛ Скопје


Предлог за изрекување мерка – ТВ Сител ДООЕЛ Скопје

– Писмен извештај од извршен мониторинг – ТВ Сител ДООЕЛ Скопје

Предлози за изрекување мерка-опомена

Предлог за изрекување мерка-опомена – ТВ МТМ Дооел Скопје

– Писмен извештај од извршен мониторинг – ТВ МТМ Дооел Скопје


Предлог за изрекување мерка-опомена – К Три Телевизија Дооел Куманово

– Писмен извештај од извршен мониторинг – K Три Телевизија Дооел Куманово


Предлог за изрекување мерка-опомена – ЕФ-ЕМ 90.3 Спортско радио Дооел Скопје

– Писмен извештај од извршен мониторинг – ЕФ-ЕМ 90.3 Спортско радио Дооел Скопје



Accessibility

Accessibility