Известување за јавното отворање на пријави за учество на јавниот конкурс

Скопје, 19.12.2016г. – Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, на 31-вата седница одржана на ден 07.09.2016 година, донесе Oдлука за објавување на јавен конкурс за доделување дозвола за радио емитување на програмски сервис на локално ниво, на подрачјето на општина Куманово, УП 1 бр.08-453 од 07.09.2016 година (објавена на 12.09.2016 година во „Службен весник на Република Македонија“, бр.172/2016).
Крајниот рок за поднесување на пријави за учество на јавниот конкурс беше до 11.12.2016 година. Пријавите кои ќе бидат поднесени на овој конкурс, треба да бидат јавно отворени, една недела по истекот на рокот за поднесување на пријавите.
Јавното отворање на доставените пријави за учество на наведениот јавен конкурс согласно точка 13 од донесената одлука, ќе се одржи на денес 19.12.2016 година, понеделник во 14:00 часот, во седиштето на Агенцијата, Палата „Панко Брашнаров“, ул.„Македонија“ бр.38, Скопје.



Accessibility

Accessibility