Скопје, 16.01.2017г. – Телевизија Стар ја извести Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, дека дописничка на телевизијата, на социјалната мрежа Facebook била наречена „новинарска проститутка“ од страна на носител на јавна функција.
Агенцијата ги осудува сите форми на омаловажување и вербални навреди врз новинари и апелира да се почитува достоинството на новинарската професија како и личното достоинство на медиумските професионалци.