Радиодифузерите да се придржуваат до професионалните начела за вршење на дејноста

Скопје, 10.04.2017г. – Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги ja поддржува реакцијата на Советот за етика во медиумите и уште еднаш ги повикува радиодифузерите стриктно да се придржуваат до професионалните начела за вршење на дејноста,водејќи сметка за улогата што ја имаат во обезбедувањето информации и контекст во кој граѓаните слободно ќе формираат мислење за настаните. Притоа, медиумите особено имаат обврска:

– Во вестите, за сите прашања да известуваат објективно и непристрасно обезбедувајќи ги сите релевантни гледишта кои еднакво ќе ги третираат;

– Еднаков третман на сите гледишта треба да обезбедат и во актуелно-информативните емисии, чија цел е аналитички да се разгледаат актуелните прашања;

– Во емисиите пак, во кои со публиката се контактира за актуелните теми, новинар(к)ите треба да внимаваат ниту тие, ниту соговорниците да не употребуваат дискриминаторски говор кој поттикнува омраза, навреди, клевети или дезинформации.

Како регулаторно тело, Агенцијата ги следи програмите на радиодифузерите и реагира во случаите кога ги прекршуваат законските одредби или кога медиумите се попречени во извршувањето на нивната работа.



Accessibility

Accessibility