Извршен вонреден административен надзор врз 69 радиостаници

Скопје, 03.05.2017г. – Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги изврши вонреден административен надзор врз работата на сите 69 радиостаницикоишто емитуваат радиопрограма. Надзорот се изврши со цел да се констатира дали некоја радиостаница извршила промена на сопственичката структура без претходно да ја извести Агенцијата и пред истата да биде одобрена од страна на Агенцијата.

Со извршениот вонреден надзор е констатирано дека 69-те радиостаници постапиле согласно член 41 ставови 1 и 2 од ЗААВМУ, односно ниту еден радиодифузер не извршил промена на сопственичката структура без претходно да ја извести Агенцијата.

Извештајот од вонредниот надзор може да се преземе на следниот линк.



Accessibility

Accessibility