Скопје, 23 мај 2017г. – Регионалната телевизија Телеканал А1 од Струмица, ја извести Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услугидека во последнава година се соочува со заканувачки настани, меѓу кои последен е писмо со заканувачка содржина. За ова, Телевизијата го известила и СВР Струмица.
Агенцијата, и во овој случај, го повторува својот принципиелен став дека ниту еден медиум не смее да биде попречуван во својата работа, односно, треба да му бидат овозможени потребните услови за да ја извршува својата функција.