Редовен програмски и административен надзор врз Наша ТВ

Скопје, 18.07.2019г. – Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги изврши редовен програмски и административен надзор врз работата на Наша ТВ за повеќе законски обврски.

Надзорот покажа дека во неколку емисии емитувани на 3 јуни 2019 година, не се објавени податоците за импресум, додека играната програма “Stand up Macedonia –  Умри машки 1 – Ај контакт” (хумор/сатира) беше емитувана со погрешна предупредувачка сигнализација. На истиот датум времетраењето на рекламирањето, во неколку наврати изнесуваше повеќе од 12 минути на еден реален час, во програмата „Ориент експрес“ беа пласирани производи без да биде јасно означено дека програмата содржи пласирање производи, додека во две изданија на емисијата „Помагачот“ не беше означено дали станува збор за спонзорирана програма односно спонзорите не беа јасно идентификувани. Во емисиите „Профит“ и „Помагачот“ емитувано е рекламирање на поделен екран, при што меѓу двете (поп-ап) реклами на поделен екран не беше запазено растојание од најмалку 15 минути.

Извештаите може да се преземат на следните линкови:

Наша ТВ – (член 14 од ЗМ, член 51 став 1 и член 97 од ЗААВМУ) – 17.07.2019

Наша ТВ – (прекршување на член 50 став 3 од ЗААВМУ) – 17.07.2019

Наша ТВ – (прекршување на член 100 став 1 од ЗААВМУ) – 17.07.2019

Наша ТВ – (прекршување на член 55 ставови 5 и 7 од ЗААВМУ) – 17.07.2019

Наша ТВ – (прекршување на член 54 став 2 од ЗААВМУ) – 17.07.2019

Наша ТВ – (прекршување на член 98 став 2 од ЗААВМУ) – 17.07.2019



Accessibility

Accessibility