Скопје, 18.07.2019 – Врз телевизиите ТВ 24 Вести, ТВ М, ТВ МТМ, ТВ Стар и ТВ Студио Тера, Агенцијата изврши редовен програмски надзор за повеќе законски обврски.
При надзорот врз ТВ 24 Вести на 3 јуни, утврдено е рекламирање на поделен екран при што меѓу двете (поп-ап) реклами на поделен екран не беше запазено растојание од најмалку 15 минути, додека кај ТВ Стар со надзорот извршен на 5 јуни, се утврди не емитување најмалку 30% изворно создадена програма како македонски аудиовизуелни дела.
Кај ТВ Тера, надзорот извршен на 4 јуни покажа непочитување на обврските за емитување 30% изворно создадена програма како македонски аудиовизуелни дела во периодот од 7.00 до 19.00 часот, обврските за употреба на јазикот во програмата, како и рекламирање на поделен екран спротивно на ЗААВМУ, при што меѓу двете (поп-ап) реклами на поделен екран не беше запазено растојание од најмалку 15 минути.
Извештаите се достапни на следните линкови:
ТВ Стар – (прекршување на член 92 став 1 од ЗААВМУ) 18.07.2019
ТВ Студио Тера – (член 92 став 3 од ЗААВМУ) – 18.07.2019
ТВ Студио Тера – (член 64 став 1 од ЗААВМУ) – 18.07.2019