РЕЗУЛТАТИ ОД АНКЕТИ МОЖЕ ДА СЕ ОБЈАВУВААТ НАЈДОЦНА ДО 9 ЈУЛИ – 06.07.2020

Скопје, 06.07.2020 – Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги ги потсетува радиодифузерите дека резултатите од испитувањата на јавното мислење во врска со Предвремените парламентарни избори 2020, согласно Изборниот законик може да се објавуваат најдоцна пет дена пред датумот определен за одржување на изборите, односно најдоцна до 24 часот на 9 јули 2020 година.

При објавување на резултатите од испитувањата на јавното мислење поврзани со учесниците во изборниот процес, медиумите се должни да наведат податоци за името на нарачателот кој го побарал и го платил испитувањето, институцијата што го извршила испитувањето, применетата методологија, големината и структурата на испитаниот примерок и периодот во кој е спроведено испитувањето.

Резултати од испитувања на јавното мислење спроведени на самиот ден на изборите не смеат да се објавуваат пред затворањето на избирачките места.



Accessibility

Accessibility