ОСУДА ЗА НАВРЕДИТЕ И ЗАКАНИТЕ УПАТЕНИ КОН НОВИНАРКАТА МЕРИ ЈОРДАНОВСКА

Скопје, 12.01.2020 – Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги најостро ги осудува навредите и заканите упатени кон новинарката Мери Јордановска и апелира надлежните институции да го испитаат и да постапат по случајот.

Новинарите, односно медиумите, работат во интерес на јавноста и се еден од главните коректори и промотори на демократските процеси. Оттаму секој вид на притисок, закани и напади врз новинари претставуваат загрозување на слободата на информирање и се апсолутно неприфатливи.



Accessibility

Accessibility