Отворена јавна расправа за НАЦРТ-Правилник за изменување и дополнување на правилникот за обврските за емитување изворно создадена програма, музика, документарна и играна програма

Скопје 20.05.2021 – Советот на Агенцијата на 13-та седница одржана на 18 мај, усвои НАЦРТ-Правилник за изменување и дополнување на правилникот за обврските за емитување изворно создадена програма, музика, документарна и играна програма. По текстот за Нацрт-измената на Правилникот е отворена јавна расправа во траење од 30 дена.

Агенцијата ги повикува сите заинтересирани и засегнати страни со свои мислења и предлози да учествуваат на јавната расправа и истите во писмена форма да ги достават по електронски пат на е-адресата contact@avmu.mk.

Јавната расправа трае до 17 јуни 2021 година.



Accessibility

Accessibility