Анализата на пазарот на ТВ и радио индустријата во фокусот на јавниот состанок на АВМУ

Скопје, 28 септември 2021 – Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги денес одржа јавен состанок, кој поради состојбата со корона вирусот, се реализираше преку видео конференциска врска. На состанокот, директорот на Агенцијата д-р Зоран Трајчевски, направи пресек на реализираните активности согласно Годишната програма за работа во изминатите три месеци.[…]

Нови правила за ценовниците за платено политичко рекламирање

Скопје, 17 септември 2021 – Aгенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги ги информира  радиодифузерите дека со ново донесените измени и дополнувања на Изборниот законик (Службен весник бр.215 од 16.09.2021) се определува нов начин на утврдување на ценовниците за емитување платено политичко рекламирање (ППР) кој ќе се применува и за Локалните избори 2021, поради што е пропишан дополнителен рок за достава на ценовници.[…]

Донација од АВМУ за семејствата на починатите лица во пожарот во болницата во Тетово

Скопје, 9 септември 2021 – Советот на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги на денешната 25 седница за 2021 година, донесе Заклучок за доделување еднократна финансиска помош за семејствата на починатите лица во пожарот во модуларната болница за Ковид пациенти во Тетово, во висина од 60.000 денари по семејство.[…]

Отворена јавна расправа за Нацрт-Упатство за платеното политичко рекламирање за Локалните избори 2021

Скопје 1.09.2021 – На денешната 24-та седница за 2021 година, Советот на Агенцијата усвои Нацрт-Упатство за платеното политичко рекламирање за Локалните избори 2021.

[…]



Accessibility

Accessibility