Одржана работилница за Родово заснованото насилство и професионалните стандарди за новинарско известување

 Скопје – 9 јуни 2022г  – Во организација на  Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, а во соработка со Коалицијата Маргини и Националната мрежа против насилство врз жените и семејно насилство денеска во просториите на Агенцијата се одржа работилница на тема „Родово заснованото насилство и професионалните стандарди за новинарско известување“.

Во своето поздравно обраќање директорот на Агенцијата д-р Зоран Трајчевски се осврна на Конвенцијата на Советот на Европа за спречување и борба против насилството врз жените и домашното насилство, позната како Инстанбулската конвенција. Денешната работилница се реализира како обврска на регулаторот согласно Акцискиот план за нејзино спроведување.

 Извршната директорка на Коалицијата Маргини д-р Ирена Цветковиќ зборуваше за Интерсекцискиот пристап во третирањето на родово заснованото насилство,  правната советничка од Националната мрежа против насилство врз жени и семејно насилство Ана Аврамоска Нушкова ја презентираше Постојната национална легислатива и системот на заштита на жени и девојки жртви на родово засновано насилство и семејно насилство. Експертката за медиуми д-р Марина Тунева пред присутните го образложи Прирачникот за родово сензитивно известување во медиумите, додека помошник-раководителката на Секторот за програмски работи во АВМУ м-р Емилија Петреска-Камењарова се осврна на Водичот на АВМУ за мониторинг на известувањето за родово заснованото насилство.

Оваа работилница беше наменета за професионалнте медиумски работници и на неа присуствуаа  претставници од националните радија и телевизии.

Презентациите од работилницата може да ги погледнете на следните линкови:

д-р Ирена Цветковиќ 

Интерсекциски пристап во третирањето на родово заснованото насилство

Ана Аврамоска Нушкова

Национална легислатива и системот на заштита на жени и девојки жртви на родово засновано насилство и семејно насилство

д-р Марина Тунева

Прирачник за родово сензитивно известување во медиумите

м-р Емилија Петреска-Камењарова

Водич на АВМУ за мониторинг на известувањето за родово заснованото насилство



Accessibility

Accessibility