Скопје, 15.08.2022 – За потребите на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги беше изработено истражување за досегот на радиостаниците и за уделот во вкупната гледаност на телевизиските станици, за периодот јуни-јули 2022 година.
Податоците се добиени со истражување на јавното мислење и се однесуваат на: просечниот дневен и неделен досег на слушаноста на радиостаниците и на гледаноста на телевизиите; периодот од денот во кој испитаниците слушале радио/гледале телевизија; видот на програмската содржина што ја слушале/гледале во претходниот ден; учеството во вкупната гледаност за претходниот ден, и тоа удел во гледаноста на територијата на која телевизиите емитуваат програма и удел во вкупната гледаност; просечниот дневен и неделен досег на странските телевизии и др.