Изречени мерки јавна опомена за ТВ Телма и ТВ Сител

Скопје, 25 декември 2023 – Советот на Агенцијата на 41-та седница одржана на 21 декември 2023 година донесе три решенија за изрекување мерка јавна опомена за ТВ Телма и ТВ Сител.

На ТВ Телма изречени се две мерки јавна опомена, едната за неисполнување на обврските за заштита на малолетните лица од програми што би можеле да им наштетат на нивниот физички, психички или морален развој, и втората мерка заради не објавување на податоци за импресум на документарен филм.

На ТВ Сител, мерка јавна опомена е изречена заради емитувана прикриена аудиовизуелна комерцијална комуникација во дел од информативно-забавна емисија.

Мерките јавна опомена се достапни на линковите:

ТВ Телма – (член 50 став 3 од ЗААВМУ) – 22.12.2023

ТВ Телма – (член 14 од Законот за медиуми) – 22.12.2023

ТВ Сител – (член 53 став 2 од ЗААВМУ) – 22.12.2023



Accessibility

Accessibility