Скопје, 25 декември 2023г. – Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги изврши контролни административни надзори врз Спортско радио ЕФ-ЕМ 90.30, МРТ 3, ТВ Плус и контролен програмски надзор врз МРТ 5, за да утврди дали радиодифузерите постапиле по изречените мерки јавна опомена, упатени заради непочитување на различни законски одредби.
Надзорот покажа дека радиодифузерите ги исполниле законските обврски во целост.
Извештаите се достапни на следните линкови:
Спортско Радио ЕФ-ЕМ 90,3 – (член 14 од Законот за медиуми) – 22.12.2023
ТВ МРТ 3 – (член 14 од Законот за медиуми) – 22.12.2023
ТВ Плус – (член 51 став 1 од ЗААВМУ) – 22.12.2023
ТВ МРТ 5 – (член 92 став 1 од ЗААВМУ) – 22.12.2023