Изречени мерки јавна опомена за операторот Спајдер и издавачот на печатени медиуми Колор Медиа Плус

Скопје, 11 април 2024 – Врз основа на констатации од надзор, Советот на Агенцијата на 14-та седница одржана на 8 април 2024 година, донесе две Решенија за изрекување на мерка јавна опомена. Една за кабелскиот оператор СПАЈДЕР ДОО од Гевгелија за реемитување програмски сервис којшто не е регистриран во Агенцијата, и втората за печатениот медиум КОЛОР МЕДИА ПЛУС од Скопје издавач на “The Еconomist” затоа што во изданието бр.6 од декември 2023 година не ги објавил податоците за адресата на седиштето на издавачот на печатениот медиум и податоците за адресата на уредништвото.

Изречените мерки се достапни на следните линкови:

СПАЈДЕР – (член 141 од ЗААВМУ) – 09.04.2024

Колор Медиа Плус “The Economist“ – (член 14 став 1 од Законот за медиуми) – 09.04.2024



Accessibility

Accessibility