Надзор над изборното медиумско претставување на ТВ Клан Мацедониа

Скопје, 23 април 2024 – При мониторингот над изборното медиумско претставување на програмата на ТВ Клан Мацедониа, емитувана во периодот од 4 до 22 април 2024 година, Агенцијата констатираше прекршување на член 75 став 1, а во врска со член 75 став 4 алинеја 1 од Изборниот законик.

Во текот на првиот круг од изборната кампања за Претседателските избори 2024 година, ТВ Клан Мацедониа не обезбеди информирање за изборниот процес во формат достапен за лицата со попреченост, односно со користење знаковен јазик, титлови, тонски опис или други алатки за обезбедување пристапност, ниту во најмалку едно издание на вестите на дневно ниво, ниту во друга програмска содржина на неделно ниво емитувана во периодот од 16:00 до 24:00 часот.

Извештајот од надзорот над изборното медиумско претставување на ТВ Клан Мацедониа е достапен на линкот.



Accessibility

Accessibility