Скопје, 25 април 2024 – При надзорот над изборното медиумско претставување на програмата на ТВ Клан Мацедониа, емитувана на 23 и 24 април 2024 година, Агенцијата констатираше прекршување на член 76-б став 3, а во врска со член 69-а став 2 од Изборниот законик.
При известувањето за време на изборниот молк за првиот круг од изборната кампања за Претседателските избори 2024 година, телевизијата во повеќе свои програми/содржини емитуваше информации и аудиовизуелни материјали поврзани со или во кои учествуваат учесници во изборите.
Извештајот од надзорот над изборното медиумско претставување на ТВ Клан Мацедониа е достапен на линкот.