Скопје, 17.04.2026г. – Согласно законските обврски, Јавниот сервис (МРТ), националните телевизии и давателите на медиумските услуги видео по барање, продолжуваат со постепено зголемување на програмите прилагодени за лица со сетилна попреченост.
Преку овој преглед, граѓаните можат да се информираат кои пристапни програми им се достапни во 2026 година. Истовремено, тој дава информации и за тоа како се исполнуваат обврските за:
- Континуитет: Во 2026 продолжуваат да се прикажуваат и програмите кои станаа пристапни во 2025 година.
- Проширување: Годинава се воведени нови, дополнителни содржини во кои се користат повеќе алатки за пристапност и
- Кумулативен раст: Секоја година обемот на пристапни програми се зголемува, што овозможува поголема понуда и разновидност на прилагодените програми.
Прегледот на Програми пристапни за лицата со сетилна попреченост во 2026 година е достапен на следниот линк