Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги 15. седница ќе ја одржи на 27.4.2026 година (понеделник), со почеток во 11:00 часот, преку видеоконференциска врска.
Д Н Е В Е Н Р Е Д
- Усвојување Предлог-записник од 6. Јавна седница на Советот на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, одржана на 9.4.2026 година.
- Усвојување Предлог-записник од 14. седница на Советот на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, одржана на 9.4.2026 година.
- Предлог-одлука за доделување на дозвола за телевизиско емитување преку јавна електронска комуникациска мрежа што не користи ограничен ресурс на локално ниво.
- Предлог-одлука за поништување на Одлуката со која се дозволи промена на сопственичката структура на ТРД Радио Ват ДОО Скопје.
- Барање на согласност за промена или дополнување на повеќе од 20% од програмскиот концепт од дозволата за радио емитување поднесено од РТД Радио Роса-АБ ДООЕЛ СКОПЈЕ, со Предлог-одлука.
- Предлог за изрекување мерка јавна опомена на ТРД Компани 21-М ДООЕЛ Скопје, за прекршување на член 50 став 3 од ЗААВМУ и Правилникот за заштита на малолетните лица.
- Предлог за изрекување мерка јавна опомена на ТРД Компани 21-М ДООЕЛ Скопје, за прекршување на член 55 став 2 алинеи 2 и 3 од ЗААВМУ.
- Предлог за изрекување мерка јавна опомена на ТРД Компани 21-М ДООЕЛ Скопје, за прекршување на член 14 од Законот за медиуми.
- Предлог за изрекување мерка јавна опомена на ЈРП Македонска Радиотелевизија Скопје – Македонска телевизија – Втор програмски сервис (МРТ2), за прекршување на член 48 став 2 од ЗААВМУ.
- Предлог за изрекување мерка јавна опомена на ДМТУ во медиумите и информирањето Нистори ДООЕЛ с.Стримница-Желино, издавач на онлајн медиумот-интернет порталот „Нистори“, за прекршување на член 14 став 1 од Законот за медиуми.
- Предлог за изрекување мерка јавна опомена на ДИТКУ ДМС Комуникација ДООЕЛ Скопје, издавач на онлајн медиумот-интернет порталот „Скопје Инфо“, за прекршување на член 14 став 1 од Законот за медиуми.
- Предлог за изрекување мерка јавна опомена на ДМТУ Н&М Медиа Група ДООЕЛ Скопје, издавач на онлајн медиумот-интернет порталот „Национал“, за прекршување на член 14 став 1 од Законот за медиуми.
- Предлог за давање одобрување за донесување одлука за уплата на средства за пристап до Интернет дистрибутивниот систем на Централниот регистар
- Предлог за давање одобрување за донесување на одлука за набавка на услуга со проценета вредност под вредносните прагови за примена на Законот за јавните набавки-занаетчиски услуги.
- Предлог за давање одобрување за спроведување на постапка за јавна набавка за следниот предмет на јавна набавка-услуга: oдржување на софтверот за системот за мониторирање на радио и тв сервиси и надзор на ОЈЕКМ.
- Предлог за давање одобрување за спроведување на постапка за јавна набавка за следниот предмет на јавна набавка-услуга: одржување на хигиена во деловните простории на Агенцијата.
- Разно.