Вонреден административен надзор врз сите 56 радиостаници што емитуваат програма

Скопје, 23 април 2026г Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги изврши вонреден административен надзор врз работата на сите 56 радиостаници што емитуваат програма, со цел да констатира дали радиодифузерите извршиле промена на сопственичката структура без претходно да ја известат Агенцијата и пред истата да биде одобрена од страна на Агенцијата.

Со надзорот беше констатирано дека нема прекршувања на одредбите од член 41 ставови 1 и 2 од Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, односно дека ниту една радиостаница не извршила промена на сопственичката структура без претходно да ја извести Агенцијата и пред истата да биде одобрена од страна на Агенцијата.

Извештајот е достапен на следниот линк

Општ извештај – (член 41 ставови 1 и 2 од ЗААВМУ) – 22.04.2026



Accessibility

Accessibility