Скопје, 23 април 2026 – Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги спроведе вонредни програмски надзори по службена должност врз Програмските сервиси на Македонската радиотелевизија – МРТ1 и МРТ5.
Предмет на надзор беа обврските за заштита на малолетната публика, обврските при обезбедување квизови или други облици на наградно учествување, користење телефонски услуги со додадена вредност и телефонско гласање, емитување игри на среќа, како и правилата за емитување аудиовизуелни комерцијални комуникации.
При надзорите беше констатирано дека спротивно на ЗААВМУ, МРТ1 во премиерни и репризни изданија на програмата за деца „Музичка фабрика“, емитувани на 23, 25, 27 и 29 март и на 8, 10 и 12 април 2026 година, ја користеше аудиовизуелната комерцијална комуникација „пласирање производи“, која не е дозволена во програми за деца.
Спротивно на ЗААВМУ и МРТ5 во репризни изданија на програмата за деца „Музичка фабрика“, емитувани на 11 и 12 април 2026 година, ја користеше аудиовизуелната комерцијална комуникација „пласирање производи“, која не е дозволена во програми за деца.
Извештаите се достапни на следните линкови:
МРТ1 – (прекршување на член 55 став 1 од ЗААВМУ) – 23.04.2026
МРТ5 – (прекршување на член 55 став 1 од ЗААВМУ) – 23.04.2026