Изречени мерки јавна опомена на ТВ Компани 21-М

Скопје, 29 април 2026 – Советот на Агенцијата на 15-та седница одржана на 27 април 2026 година, по извршени програмски и административни надзори, изрече три мерки јавна опомена на ТВ Компани 21-М, и тоа поради емитување филм означен како 12+ во несоодветен термин (спротивно на одредбите за заштита на малолетници), поради прикриено рекламирање во емисијата „Пастел“ (Pastel) со промовирање производи на „Зегин“, како и поради необјавување задолжителни податоци за програмската содржина.

Мерките јавна опомена се достапни на линковите:

ТВ Компани 21 – М – (член 50 став 3 од ЗААВМУ) – 28.4.2026

ТВ Компани 21-М – (член 55 став 2 алинеи 2 и 3 од ЗААВМУ) – 28.4.2026

ТВ Компани 21-М – (член 14 од Законот за медиуми) – 28.4.2026



Accessibility

Accessibility