Седница бр.17 – 12.5.2026

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги 17. седница ќе ја одржи на 12.5.2026 година (вторник), со почеток во 14:00 часот, преку видео конференциска врска.

Д Н Е В Е Н     Р Е Д

  1. Усвојување на Предлог-записник од 16 седница на Советот на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, одржана на 5.5.2026 година.
  2. Нацрт-одлука за утврдување листа со настани од големо значење за јавноста на Република Северна Македонија.
  3. Предлог-одлука за продолжување на дозволата за радио емитување на Трговското радиодифузно друштво Радио Пела ДООЕЛ, с.Мало Коњари, Прилеп.
  4. Предлог за изрекување мерка јавна опомена на ЈРП Македонска радиотелевизија Скопје – Македонска телевизија – прв програмски сервис (МРТ1), за прекршување на член 55 став 1 од ЗААВМУ.
  5. Предлог за изрекување мерка јавна опомена на ЈРП Македонска радиотелевизија Скопје – Македонска телевизија – петти програмски сервис (МРТ5), за прекршување на член 55 став 1 од ЗААВМУ.
  6. Информација за неисполнување на договорни обврски од страна на ЈЗУ СБГМП 13 Ноември Скопје, предвидени во Договор за донација, со предлог – спогодба за раскинување на договор.
  7. Предлог за давање одобрување за донесување на одлука за набавка на услуга со проценета вредност под вредносните прагови за примена на Законот за јавните набавки – дезинфекција и дезинсекција.
  8. Предлог за давање одобрување за спроведување на постапка за јавна набавка за следниот предмет на јавна набавка-услуга: одржување на веб страниците на Агенцијата.
  9. Разно.

 



Accessibility

Accessibility