Скопје, 15 јуни 2026 г. – Контролни програмски надзори се извршени врз телевизиските програмски сервиси МРТ1, МРТ5 и ТВ 21-М, со цел утврдување на постапувањето по претходно изречените мерки – јавни опомени упатени поради непочитување на обврската за пласирање производи и заштита на малолетните лица од програми што би можеле да му наштетат на нивниот физички, психички или морален развој.
Со контролните надзори е констатирано дека сите радиодифузери во целост постапиле по решенијата за изрекување мерка – јавна опомена и ги отстраниле констатираните повреди на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги.
Извештаите се достапни на линковите:
МРТ 1 – (член 55 став 1 од ЗААВМУ) – 11.06.2026
МРТ 5 – (член 55 став 1 од ЗААВМУ) – 11.06.2026
ТВ Компани 21-М – (член 50 став 3 од ЗААВМУ и член 16 од Правилникот за заштита на малолетните лица) – 11.06.2026
ТВ Компани 21-М – (член 55 став 2 алинели 2 и 3 од ЗААВМУ) – 11.06.2026