Скопје, 23 јуни 2026 – Врз основа на констатации од извршен редовен програмски и административен надзор, Советот на Агенцијата на 23-та седница одржана на 19 јуни донесе Решенија за изрекување мерки јавна опомена за Телевизија Плус и за кабелскиот оператор Фивенет.
На Телевизија Плус е изречена мерка јавна опомена заради тоашто радиодифузерот до Агенцијата во законски предвидениот рок до 31 март 2026 година, не достави писмен извештај за спроведувањето на обврските утврдени во дозволата за телевизиско емитување, додека на кабелскиот оператор Фивенет мерка јавна опомена му е изречена поради реемитување програмски сервис кој што не е регистриран во Агенцијата.
Изречените мерки може да се преземат на следните линкови:
Телевизија Плус – (член 15 став 6 од Законот за медиуми) – 22.06.2026
Фивенет – (член 141 став 13 од ЗААВМУ) – 22.06.2026