Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги 24. седница ќе ја одржи на 8.7.2026 година (среда), со почеток во 13:00 часот, преку видео конференциска врска.
Д Н Е В Е Н Р Е Д
- Усвојување Предлог-записник од 23. седница на Советот на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, одржана на 19.6.2026 година.
- Предлог-одлука за намалување на Финансискиот план на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги за 2026 година.
- Предлог за изрекување мерка јавна опомена на ТРД Tелевизија Макпетрол ДООЕЛ Скопје, за прекршување на член 98 став 2 од ЗААВМУ и член 14 став 4 од Правилникот за нови рекламни техники.
- Предлог за изрекување мерка јавна опомена на ТРД Алсат-М ДОО Скопје, за прекршување на член 54 став 1 од ЗААВМУ.
- Предлог-одлука за донирање средства за лекување на вработен во Агенцијата.
- Разно.