Вонреден административен надзор врз радио Џез ФМ

Скопје, 09 јули 2026 – Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги изврши вонреден административен надзор врз работата на радио Џез ФМ за да се утврди дали имателот на дозволата ги исполнува посебните минимални технички, просторни, финансиски и кадровски услови во зависност од програмскиот формат, пропишани со подзаконски акт донесен од страна на Агенцијата, односно дали одговорниот уредник на програмскиот сервис е во редовен работен однос и вработен со полно работно време во радиодифузерот .

Со надзорот е констатирано дека одговорниот уредник на радио ЏЕЗ ФМ е вработен во радиодифузерот во редовен работен однос и со полно работно време.

Извештајот е достапен на следниот линк:

РА Џез ФМ – (член 62 став 6 од ЗААВМУ и член 9 ставови 2 и 3 од Правилникот за минимални технички, просторни, финансиски и кадровски услови за добивање дозвола за радио и телевизиско емитување) – 07.07.2026



Accessibility

Accessibility