Седница бр.26 – 16.7.2026

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги 26. седница ќе ја одржи на 16.7.2026 година (четврток), со почеток во 11:05 часот, преку видеоконференциска врска.

Д Н Е В Е Н     Р Е Д

  1. Усвојување Предлог-записник од 25. седница на Советот на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, одржана на 9.7.2026 година.
  2. Предлог-решение за бришење од регистарот на радиодифузери на Друштвото за радиодифузна дејност, трговија и услуги ЕКО РАДИО ДООЕЛ Пробиштип.
  3. Предлог за изрекување мерка јавна опомена на ЈРП МРТ – Македонска телевизија – Трет програмски сервис (МРТ3), за прекршување на членот 14 од Законот за медиуми.
  4. Предлог за давање одобрување за спроведување на постапка за јавна набавка за следниот предмет на јавна набавка – услуга: превентивно и адаптивно одржување на системот за управување со документи.
  5. Разно.

 



Accessibility

Accessibility