Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги 27. седница ќе ја одржи на 28.7.2026 година (вторник), со почеток во 12:05 часот, преку видеоконференциска врска.
Д Н Е В Е Н Р Е Д
- Усвојување Предлог-записник од 7. јавна седница на Советот на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, одржана на 16.7.2026 година.
- Усвојување Предлог-записник од продолжение на 25. седница на Советот на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, одржано на 16.7.2026 година.
- Усвојување Предлог-записник од 26. седница на Советот на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, одржана на 16.7.2026 година.
- Разгледување на квартални извештаи за работата на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги за период од 1 април до 30 јуни 2026 година.
- Предлог-одлука за продолжување на дозволата за телевизиско емитување на ТРД Телевизија Макпетрол ДООЕЛ Скопје.
- Предлог-решение за бришење од регистарот на радиодифузери на ТРД Протел ДООЕЛ Пробиштип.
- Предлог-одлука за промена на сопственичката структура на РД Наша ТВ ДООЕЛ Скопје.
- Предлог-одлука за промена на сопственичката структура на ТРД РФМ ДООЕЛ Скопје.
- Предлог за изрекување мерка јавна опомена на операторот Вива нет ДОО Берово, за прекршување на член 141 од ЗААВМУ.
- Предлог за одобрување финансиски средства за обновување на 4 (четири) кориснички пристапи до електронската база на прописи на „Службен весник на Република Северна Македонија“.
- Предлог за давање одобрување за донесување одлука за набавка на услугата – одржување кафемати за потребите на Агенцијата.
- Предлог за давање одобрување за спроведување постапка за јавна набавка за услугата: истражување – анализи на родовите прашања и на начинот на прикажување и претставување на жените и мажите во програмите на радиодифузерите во 2026 година.
- Предлог за давање одобрување за спроведување постапка за јавна набавка за услугата: дигитални сертификати.
- Разно.