Скопје, 13 август 2026 – Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги упатува искрено и најдлабоко сочувство до семејството на Лирим Хајредини, неговите најблиски, колегите и до сите кои имаа можност да го познаваат и да соработуваат со него.
Во текот на неговото долгогодишно професионално ангажирање во ТВ Алсат-М, Агенцијата остваруваше континуирана и конструктивна соработка со Хајредини. Тој беше посветен и отворен соговорник, кој со своето професионално искуство, ставови и активен придонес учествуваше во дискусиите и процесите поврзани со прашања од значење за развојот на медиумската сфера.
Со неговото прерано заминување, медиумската заедница во земјава загуби искусен и посветен медиумски професионалец, долгогодишен активен чинител и човек кој остави свој препознатлив белег во развојот на медиумскиот простор.