Скопје, 16 септември 2026 – Агенцијата изврши редовени програмски надзори врз операторите Алтра Сат 2000 и Македонски Телеком за обврската во програмскиот пакет којшто го реемитува задолжително и бесплатно да ги обезбеди програмските сервиси на јавниот радиодифузен сервис, како и за обврските за регистрација на програмски сервиси во Агенцијата и титлување на програмите коишто ги реемитува.
При извршените надзори е констатирано дека операторот Алтра-Сат 2000 за своите корисници го реемитувал програмскиот сервис „ТВ Алфа“, кој не е опфатен со потврдата за регистрација на програмски сервиси издадена од Агенцијата. Исто така, констатирано е дека операторот Македонски Телеком за своите корисници го реемитувал програмскиот сервис „Zjarr TV“, кој не е опфатен со потврдата за регистрација на програмски сервиси издадена од Агенцијата.
Извештаите се достапни на следните линкови:
Алтра Сат 2000 – (прекршување на член 141 став 13 од ЗААВМУ) – 16.09.2026
Алтра Сат 2000 – (член 143 став 3 од ЗААВМУ) – 16.09.2026
Македонски Телеком – (прекршување на член 141 став 13 од ЗААВМУ) – 16.09.2026
Македонски Телеком – (член 143 став 3 од ЗААВМУ) – 16.09.2026