Скопје, 25 септември 2026 – Советот на Агенцијата на 32. седница одржана на 22 септември изрече пет решенија за преземање мерки јавна опомена, две за операторите Македонски Телеком и Алтра-Сат 2000 и три мерки јавна опомена за ТВ Стар.
На Македонски Телеком и Алтра Сат 2000 мерки јавна опомена се изречени за реемитување програмски сервиси кои не биле опфатени со потврдата за регистрација на програмски сервиси издадена од Агенцијата.
На ТВ Стар му беа изречени три мерки јавна опомена. Една мерка јавна опомена е изречена поради тоа што во три емисии од туѓо производство не биле објавени податоци за импресум, втората поради емитување прикриени аудиовизуелни комерцијални комуникации во забавно-информативна емисија и третата мерка јавна опомена поради тоа што во изданија на забавно-документарна емисија преку промотивно препорачување директно било поттикнувано купување производи на еден од спонзорите на емисијата.
Изречените мерки се достапни на следните линкови:
Македонски Телеком – (член 141 став 13 од ЗААВМУ) – 23.09.2026
Алтра-Сат 2000 – (член 141 став 13 од ЗААВМУ) – 23.09.2026
ТВ Стар – (член 54 став 1 од ЗААВМУ) – 23.09.2026
ТВ Стар – (член 53 ставови 2 и 7 од ЗААВМУ) – 23.09.2026
ТВ Стар – (член 14 од Законот за медиуми) – 23.09.2026