Хроника од 32. седница

Скопје, 22.9.2026 година – Советот на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги на 32. седница на Македонски Телеком – Скопје и на Алтра – Сат 2000 ДООЕЛ Охрид им изрече мерки јавна опомена за прекршување на член 141 став 13 од Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги. Мерките се изречени бидејќи двата оператора реемитувале програмски сервиси кои не биле опфатени со потврдата за регистрација на програмски сервиси издадена од Агенцијата. На операторите им е наложено да го усогласат своето работење со Законот, по што ќе биде извршен контролен надзор.

На ТВ – Стар ДОО Штип му беа изречени три мерки јавна опомена. За прекршување на член 14 од Законот за медиуми, мерката е изречена поради тоа што во три емисии од туѓо производство не биле објавени податоци за импресум. За прекршување на член 53 ставови 2 и 7 од Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, поради емитување прикриени аудиовизуелни комерцијални комуникации во забавно-информативна емисија. Јавна опомена му беше изречена и за прекршување на член 54 став 1 од истиот закон, поради тоа што во изданија на забавно-документарна емисија преку промотивно препорачување директно било поттикнувано купување производи на еден од спонзорите на емисијата. Во сите три случаи на радиодифузерот му е наложено да го усогласи своето работење со законските одредби, по што ќе биде извршен контролен надзор.



Accessibility

Accessibility