Скопје, 27 октомври 2026 – Во врска со Одлуката за објавување на јавен конкурс за доделување на дозвола за радиоемитување на програмски сервис на локално ниво, УП1 бр.08-264 од 21.10.2026 г. (објавена во „Службен весник на РСМ“ бр.250/26 од 26.10.2026 г.)
Ве известуваме дека:
– Конкурсната документација за објавување на јавен конкурс за доделување на дозвола за радиоемитување на програмски сервис на локално ниво, на подрачјето на општина Дебар и образецот – Пријава за учество на јавниот конкурс, можат да се подигнат во архивата на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, Палата „Панко Брашнаров“, ул.„Македонија” бр.38, Скопје, секој работен ден од 8:00 до 16:00 часот;
– За конкурсната документација се плаќа надоместок во износ од 60.000,00 (шеесетилјади) денари на жиро сметка: 300000000618023, на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, Банка депонент: Комерцијална банка АД Скопје;
– Пријавите на кандидатите кои нема да го платат надоместокот за документацијата, кои ќе бидат поднесени по истекот на определениот рок, некомплетните пријави (кои нема да ги содржат сите документи и прилози согласно Пријавата), неуредно пополнетите пријави, како и пријавите кои нема да бидат поднесени во 2 (два) примерока (оригинал и копија), нема да се разгледуваат.
Крајниот рок за поднесување на пријави по Јавниот конкурс е заклучно до 25.12.2026 година (петок).