Седница бр.37 – 3.11.2026

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги 37. седница ќе ја одржи на 3.11.2026 година (вторник), со почеток во 13:00 часот, преку видеоконференциска врска.

Д Н Е В Е Н     Р Е Д

  1. Усвојување Предлог-записник од продолжување на 35. седница на Советот на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, одржана на 27.10.2026 година.
  2. Усвојување Предлог-записник од 36. седница на Советот на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, одржана на 27.10.2026 година.
  3. Предлог за усвојување на Извештајот за емитуваното платено политичко рекламирање за време на изборната кампања во првиот круг на гласање за Предвремените избори за градоначалник на Општина Брвеница.
  4. Предлог за изрекување мерка јавна опомена на ТРД Г-ТВ Телевизија ДООЕЛ Гостивар, за прекршување на член 92 ставови 1 и 3 од ЗААВМУ.
  5. Предлог-одлука за продолжување на дозволата за радиоемитување на ТРД Модеа ДООЕЛ Свети Николе.
  6. Предлог-одлука за продолжување на дозволата за радиоемитување на РТД Радио Роса – АБ ДООЕЛ Скопје.
  7. Предлог-одлука за продолжување на дозволата за радиоемитување на ТРД Радио Кисс ДООЕЛ Тетово.
  8. Предлог-одлука за продолжување на дозволата за радиоемитување на ТРД Радио Ред ФМ ДООЕЛ Тетово.
  9. Предлог-одлука за продолжување на дозволата за радиоемитување на РТД Метрополис Радио ДОО Скопје.
  10. Предлог-одлука за продолжување на дозволата за радиоемитување на ТРД Радио Тајм Павле ДООЕЛ Гевгелија
  11. Предлог-одлука за продолжување на дозволата за радиоемитување наТРД Алсат-М ДОО Скопје.
  12. Предлог-одлука за продолжување на дозволата за радиоемитување на ТРД Радио Ват ДОО Скопје.
  13. Предлог-одлука за продолжување на дозволата за телевизиско емитување на ТРД ТВ Дуе Назми ДООЕЛ Гостивар.
  14. Предлог за давање одобрување за спроведување на постапка за јавна набавка – услуга:  одржување и сервисирање на службени моторни возила.
  15. Разно.


Accessibility

Accessibility