Скопје, 3.11.2026 – При надзорот над изборното медиумско претставување на програмата на Јавното радиодифузно претпријатие МАКЕДОНСКА РАДИОТЕЛЕВИЗИЈА Скопје, Македонска телевизија – Втор програмски сервис (МРТ2) на 31 октомври и на 1 ноември, констатирани се прекршувања на член 76-б став 3, а во врска со член 69-а став 2 од Изборниот законик.
Спротивно на Изборниот законик, Јавното радиодифузно претпријатие МАКЕДОНСКА РАДИОТЕЛЕВИЗИЈА Скопје – Македонска телевизија – Втор програмски сервис (МРТ2), на 31 октомври и на 1 ноември 2026 година, за време на изборниот молк во вториот круг на гласање за Предвремените избори за градоначалник на Општина Брвеница, повеќепати, со различни наслови и времетраење, емитуваше прилози во дневноинформативните емисии што содржеа информации и аудиовизуелни материјали (изјави и/или снимки) со носители на функции во органите на власта, како и со членови/претставници на политички партии.
Извештајот од надзорот над изборното медиумско претставување е достапен на следниот линк