Извештај за емитуваното ППР за време на изборната кампања во првиот круг на Предвремените избори за градоначалник на Општина Брвеница

Скопје, 4 ноември 2026 – Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги согласно обврската од член 76-д став 8 од Изборниот законик, до Државната изборна комисија го достави Извештајот за емитуваното платено политичко рекламирање (ППР) на програмите на радиодифузерите, за време на изборната кампања за Предвремените избори за градоначалник на Општина Брвеница, во периодот од 28 септември до 16 октомври 2026 година.

Податоците во Извештајот се добиени преку мониторинг на емитуваното платеното политичко рекламирање кај радиодифузерите и дополнително се проверени низ постапката на потврдување на извештаите за реализирани услуги на радиодифузерите.

Извештајот за платеното политичко рекламирање на радиодифузерите за Предвремените избори за градоначалник на Општина Брвеница е достапен нa следниот линк.



Accessibility

Accessibility