Скопје, 16 ноември 2026 – Советот на Агенцијата на 38-та седница одржана на 12 ноември, врз основа на констатации од редовен програмски и административен надзор изрече две мерки јавна опомена на ТВ Гурра. Првата поради неемитување најмалку 30 % програма изворно создадена како македонски аудиовизуелни дела, ниту најмалку половина од законскиот минимум на оваа програма во периодот од 7 до 19 часот и втората поради тоашто телевизискиот програмски сервис не ги обезбедил информациите што треба да им бидат достапни на корисниците.
Јавните опомени се достапни на линковите:
ТВ Гурра – (член 92 ставови 1 и 3 од ЗААВМУ) – 13.11.2026
ТВ Гурра – (член 51 став 1 од ЗААВМУ) – 13.11.2026