Скопје, 18 ноември 2026 – На 39-та седница одржана на 18 ноември 2026 година, Советот на Агенцијата ги усвои Нацрт-програмата за работа на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги за 2027 годинa (со Нацрт-програма на планирани активности и Нацрт-финансиски план на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги), Нацрт-годишниот план за вршење административен надзор во 2027 година и Нацрт-годишниот план за вршење програмски надзор во 2027 година.
За текстовите на Нацрт-документите отворена е јавна расправа за која Агенцијата ги повикува сите заинтересирани страни со свои мислења и предлози во писмена форма, да учествуваат во јавната расправа и истите да ги достават по електронски пат на contact@avmu.mk или по пошта на ул. „Македонија“ бр.38, 1000 Скопје.
Јавната расправа трае до 18 декември 2026 година.