Скопје, 19 ноември 2026 – Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги согласно обврската од член 76-д став 8 од Изборниот законик, до Државната изборна комисија го достави Извештајот за емитуваното платено политичко рекламирање (ППР) на програмите на радиодифузерите, за време на изборната кампања во вториот круг на гласање за Предвремените избори за градоначалник на Општина Брвеница.
Податоците во Извештајот се добиени преку мониторинг на емитуваното платеното политичко рекламирање кај радиодифузерите и дополнително се проверени низ постапката на потврдување на извештаите за реализирани услуги на радиодифузерите.
Извештајот за платеното политичко рекламирање на радиодифузерите за вториот круг од Предвремените избори за градоначалник на Општина Брвеница е достапен нa следниот линк.