19.03.2013г. Соопштение до медиумите за исклучувањето на програмските сервиси на Пинк Медиа Груп

Во врска со неодамнешното исклучување на телевизиските програмски сервиси на Пинк Меди Груп од програмскиот пакет на операторот Тотал ТВ би сакале да ја информираме јавноста за следново:[…]

15.03.2013г. Усвоен Извештајот од медиумското покривање на локалните избори 2013 во вестите – први 10 дена (4-13 март 2013)

Скопје, 15.03.2013. На денешната седница Советот за радиодифузија го усвои Извештајот од медиумското покривање на локалните избори 2013 во вестите – први 10 дена (4-13 март 2013).[…]

06.03.2013г. Соопштение до радиодифузерите дека во сила е Правилникот за рамноправен пристап во медиумското претставување за време на Локалните избори

о започнувањето на изборната кампања за Локалните избори 2013 година, во сила е Правилникот за рамноправен пристап во медиумското претставување за време на изборна кампања во кој се уредени сите прашања поврзани со обврската на радиодифузерите да им овозможат на организаторите на изборна кампања еднакви услови за пристап до сите облици на медиумско претставување.[…]

28.02.2013г. Работилници со радиодифузерите за правилата за медиумско покривање на изборната кампања

Во Советот за радиодифузија денеска (28 февруари 2013г.) се одржа работилница посветена на медиумското известување во периодот на изборната кампања за Локалните избори 2013. На неа, заедно со претставниците на радиодифузерите на национално и на регионално беше разгледан Правилникот за рамноправен пристап во медиумското претставување за време на изборна кампања, како и методологијата за мониторингот на Советот за радиодифузија.[…]

26.02.2013г. Потсетување на радиодифузерите за правилата во врска со потврдените кандидати за локалните избори

Советот за радиодифузија ги потсетува радиодифузерите дека личностите кои од страна на надлежните изборни органи се потврдени како кандидати за градоначалници или за членови на советите на локалната самоуправа, не смеат да се појавуваат во програмите на радијата и телевизиите од моментот на потврдувањето до започнување на изборната кампања.[…]

14.02.2013г. Советот за радиодифузија го честита Cветскиот ден на радиото

Денот 14 февруари 2013 година е прогласен како Светски ден на радиото од страна на УНЕСКО. Целта е да се подигне свесноста за значењето на радиото меѓу јавноста и медиумите, да се охрабри вмрежувањето и меѓународната соработка меѓу радиодифузерите, да се промовира пристапот до информации и слободата на изразување преку брановите на овој медиум.[…]

21.01.2013г. Соoпштение за медиумите за потсетување на обврските што произлегуваaт од изборната регулатива

Советот за радиодифузија на РМ уште еднаш ги потсетува телевизиите и радијата дека во периодот до почетокот на изборната кампања не смеат да емитуваат содржини со кои непосредно или посредно промовираат ставови, програми, платформи, достигнувања, активности и др. на политички партии, коалиции, групи избирачи и нивни претставници.[…]

28.12.2012г. Промовиран Модул за мониторинг и стручен надзор над операторите на јавни комуникациски мрежи

Советот за радиодифузија заедно со Агенцијата за електронски комуникации изработи веб апликација која е дополнителен модул на „Системот за електронски регистер на јавни комуникациски мрежи“. Станува збор за проект кој е резултат на  Меморандумот за соработка помеѓу СРД и АЕК потпишан во јуни 2012 година.[…]

28.12.2012г. Советот повикува да им се овозможи на новинарите непречено да ги извршуваат своите обврски

Советот за радиодифузија, како независно регулаторно тело, при остварување на своите надлежности се грижи за слободата и плурализмот на изразувањето. Во врска со неодамнешните случувања во Собранието на  Република Македонија и отстранувањето на новинарите, Советот ги повикува сите институции и политички субјекти да им овозможат на претставниците на медиумите непречено извршување на нивните професионални задачи.[…]



Accessibility

Accessibility