Податоци за досегот на радиостаниците и уделот на сателитски, регионални и локални ТВ во вкупната гледаност – четврт квартал 2015 година

Скопје, 15.01.2016 – Податоците за досегот на радиостаниците и за уделот во вкупната гледаност на телевизиските станици што емитуваат програма на државно ниво преку сателит или преку јавна електронска комуникациска мрежа и на телевизиските станици што емитуват програма на регионално и на локално ниво,[…]

Се зголемува квотата за изворно создадена програма, за музиката – нема промена

Скопје, 13.01.2016г. – Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги ги потсетува медиумите дека во 2016 година, се зголемува процентот за емитување изворно создадена програма во Република Македонија на македонски јазик или на јазиците на немнозинските заедници кои живеат во Република Македонија. Како што е пропишано во член 92 ставови 1 и 2 од Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, почнувајќи од 1 јануари 2016 година, за трговските радиодифузни друштва и за непрофитните радиодифузни установи обврската за изворно создадена програма изнесува 50%, а за Јавниот радиодифузен сервис изнесува 60% од вкупно емитуваната програма во текот на едно деноноќие, со исклучок на времето што отпаѓа на содржините кои не подлежат на класификација.[…]

Усвоена Методологијата за мониторинг на изборното медиумско претставување преку радио и телевизиските програмски сервиси за време на изборните процеси

Скопје, 05.01.2016 – Согласно обврската утврдена во Законот за изменување и дополнување на Изборниот законик, кој стапи на сила на 10 ноември 2015 година, Советот на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, на денешната седница ја донесе Методологијата за мониторинг на изборното медиумско претставување преку радио и телевизиските програмски сервиси за време на изборни процеси.[…]

Агенцијата им изрече мерки – опомена на РА ЗОНА М-1, РА УРБАН ФМ, РА Роса – АБ, РА Арачина и РА КЛУБ ФМ

Скопје, 04.01.2016- Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги во согласност со Годишниот план за вршење надзор, спроведе редовен надзор врз работата на РАДИО ЗОНА М-1 ДООЕЛ Скопје, УРБАН ФМ РАДИО ДООЕЛ, Радио Арачина ДООЕЛ Арачиново, Радио Роса – АБ ДООЕЛ Скопје и Радио КЛУБ ФМ ДОО Скопје[…]

Агенцијата го одржа четвртиот јавен состанок за 2015 година

22.12.2015--Javen_sostanokСкопје, 22.12.2015г. – Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги го одржа четвртиот јавен состанок за 2015 година. Воведно обраќање имаше директорот на Агенцијата д-р Зоран Трајчевски, кој ги презентираше активностите[…]

Реакција за негативните кампањи на политичките партии

Скопје, 18.12.2015г. – Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, врз основа на претставки и реакции, ги прегледа содржините на повеќе спотови платено политичко рекламирање нарачани од ВМРО ДПМНЕ и СДСМ, кои деновиве се емитуваат на програмите на радиодифузерите.[…]

Повик за јавна расправа по нацрт-методологијата за мониторинг на изборното претставување

Скопје, 15.12.2015г. – Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги ја изработи Нацрт-методологијата за мониторинг на изборното медиумско претставување преку радио и телевизиски програмски сервиси за време на изборни процеси и ги повикува медиумите, политичките партии и сите други заинтересирани субјекти да се вклучат во јавната расправа по нацрт-текстот.[…]

Набавка на опрема за систем за мониторинг на медиумските содржини за потребите на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги

Скопје, 14.12.2015г – Денес започна реализацијата на Проектот „Обезбедување опрема за мониторинг на медиумските содржини што го врши Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги“. Проектот се реализира како дел од Инструментот за претпристапна помош – ИПА за 2011 година.[…]

Отворена јавна расправа за Нацрт-Правилникот за изменување и дополнување на Правилникот за утврдување на локациите за прибирање сигнали од операторите на ЈЕКМ и даватели на аудиовизуелни медиумски услуги по барање

Скопје, 12.12.2015 год. – Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги отвори јавнa расправa за текстот на[…]



Accessibility

Accessibility