14.04.2011г. СРД организира тркалезна маса за правилниците за медиумско покривање на изборите

14.04.2011, СКОПЈЕ – Советот за радиодифузија денеска и утре ќе одржи тркалезна маса за “Предлог правилникот за однесувањето на радиодифузерите во периодот пред започнување на изборната кампања“ и  “Предлозите за измена на правилникот за рамноправен пристап во медиумското претставување за време  на изборната кампања”. Состаноците со претставниците на медиумите и на сите заинтересирани страни за медиумското покривање на изборите имаат за цел преку јавен дијалог да се да се обликува конечниот изглед на второстепената регулатива за медиумско покривање на изборите.[…]

11.04.2011г. СРД организира прес-конференција за правилата за медиумското покривање на предвремените парламентарни избори

СКОПЈЕ, 11.04.2011 – Последните измени во Изборниот законик, подзаконските акти за медиумското покривање на пред-изборните активности и обврските на Советот за радиодифузија (СРД) и на радиодифузерите во однос на покривањето на изборниот процес ќе биде темата на прес-конференцијата што ја организира Советот за радиодифузија.[…]

29.03.2011г. Во присуство на претставници од медиумите СРД на јавна седница ги претстави новините што ќе ги донесе новиот закон за електронски медиуми

СКОПЈЕ, 29 март 2011 – Како ќе влијае пренесувањето на европската директива за аудио-визуелните медиумски услуги врз медиумските компании во Р. Македонија беше темата на денешната јавна седница на Советот за радиодифузија, што се одржа во присутво на голем број претставници од медиумите во земјава.[…]

09.03.2011г. СРД одржа работилница за европски аудиовизуелни дела

Скопје, 9 март 2011 – Со цел правилно пополнување и навремено доставување на обрасците за емитувани европски аудио-визуелни дела денеска во Советот за радиодифузија (СРД) се одржа работилница за претставници од електронските медиуми.[…]

09.03.2011г. Советот за радиодифузија им укажува на медиумите да ги почитуваат програмските стандарди во политичкото рекламирање

СКОПЈЕ, 9 март 2011 – Со оглед на интензивираното политичко рекламирање  на телевизиските програмски сервиси, Советот за радиодифузија (СРД) уште еднаш им укажува на електронските медиуми дека и за политичкиот маркетинг мора да се почитуваат стандардите за рекламирањето, утврдени во Законот за радиодифузната дејност.[…]

09.03.2011г. Повик до сите овластени застапници за склучување договори за реемитување на програмски сервиси низ јавните комуникациски мрежи

Советот за радиодифузија на Република Македонија, врз основа на календарот на активности, превидени со Национална програма за усвојување на правото на Европската унија 2011, го објавува следниот:

[…]

16.02.2011г. СРД ги повикува медиумите да придонесуваат кон намалување на општествените тензии

СКОПЈЕ 16.02.2011 – Советот за радиодифузија (СРД) на денешната седница констатираше дека во ехото на последните општествено-политички случувања во програмите на електронските медиуми зачестено се користат елементи, што би можеле да доведат до појава на говор на омраза.[…]

28.01.2011г. Телевизиите А1 и А2 редовно емитуваат програма согласно со законот

СКОПЈЕ, 28.01.2011 – Советот за радиодифузија (СРД) ја следи програмата на сите радиодифузери, вклучително и на телевизиите А1 и А2, при што констатира дека засега овие два медиума редовно емитуваат програма согласно со Законот за радиодифузија и со условите од добиената дозвола за вршење радиодифузна дејност.[…]



Accessibility

Accessibility