Скопје, 30 мај 2024 – Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги денес ги објави извештаите за изборното медиумско претставување за Парламентарните избори 2024 од 18 до 22 април и од 25 април до 6 мај и за вториот круг од изборната кампања за Претседателските избори 2024 од 25 април до 6 мај. […]
Featured Articles
Објавени извештаи за емитувано ППР за втор круг Претседателски избори и за Парламентарни избори 2024
Скопје, 23 мај 2024 – Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги денес ги објави извештаите за платеното политичко рекламирање (ППР) емитувани за време на вториот круг од Претседателските избори и за Парламентарните избори 2024.[…]
Билатерална средба на АВМУ и НКМ во Приштина
Приштина, 22 мај 2024 – Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги и Независната комисија за медиуми на Република Косово (НКМ) денеска во Приштина, договорија продлабочување на меѓусебната соработка и зголемена размена на добри практики во областа на медиумската регулација[…]
Изборен молк поради прегласување за Парламентарните избори 2024
Скопје, 20 мај 2024 – Поради повторување на гласањето за Парламентарните избори 2024 во седум гласачки места во Изборните единици 5 и 6, Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги ги известува националните радиодифузери и радиодифузерите кои емитуваат програма на подрачјето на Охрид, Крушево, Струга, Долнени и Желино дека за нив важат обврските за изборниот молк, кој почнува од ноќеска на полноќ и ќе трае до 19 часот на 22 мај 2024 година[…]
Извештај за платеното политичко рекламирање на радиодифузерите за првиот круг од изборната кампања за Претседателските избори 2024
Скопје, 10 мај 2024 – Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги согласно обврската од член 76-д став 8 од Изборниот законик, денес до Државната изборна комисија го достави Извештајот за платеното политичко рекламирање (ППР) на радиодифузерите за време на првиот круг од изборната кампања за Претседателските избори, во периодот од 4 до 22 април 2024 година.[…]
ИЗБОРЕН МОЛК ОД ВЕЧЕРВА НА ПОЛНОЌ
Скопје, 6 мај 2024 – Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги ги известува радиодифузерите дека од вечерва на полноќ започнува изборниот молк за Претседателските и Парламентарните избори, кој трае до 19 часот на 8 мај 2024 година.[…]
Извештај за медиумското претставување во првиот круг од кампањата за Претседателските избори 2024
Скопје 2 мај 2024 година – Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги денес го објави извештајот за начинот на известување на радиодифузерите во првиот круг од изборната кампања за Претседателските избори, во периодот од 4 до 22 април 2024 година. Со мониторингот беа опфатени 13 програмски сервиси – националните комерцијални телевизии Алсат-М, Алфа, Канал 5, Сител, Телма, 24 Вести, 21-М, Шења, Клан Македонија и Сонце и програмските канали на Јавниот сервис – МРТ 1, МРТ 2 и Собранискиот канал.[…]
Надзор над изборното медиумско претставување на ТВ Алфа
Скопје, 2 мај 2024 – При мониторингот над изборното медиумско претставување на програмата на ТВ Алфа, емитувана на 25 април 2024 година, Агенцијата констатираше прекршување на член 75-ѓ, став 1 од Изборниот законик.[…]
Пречистен текст на Упатство за радиодифузерите за Претседателските и Парламентарните избори 2024
Скопје, 26 април 2024 – Советот на Агенцијата на вчерашната 19-та седница, донесе Упатство за измена и дополнување на Упатството за радиодифузерите за Претседателските и Парламентарните избори 2024. […]
Извештај од надзор над изборното медиумско претставување на ТВ Клан Мацедониа
Скопје, 25 април 2024 – При надзорот над изборното медиумско претставување на програмата на ТВ Клан Мацедониа, емитувана на 23 и 24 април 2024 година, Агенцијата констатираше прекршување на член 76-б став 3, а во врска со член 69-а став 2 од Изборниот законик.[…]