БЕЛГРАД, 8.10.2010 – Советот за радиодифузија (СРД) на Република Македонија е официјално прогласен за домаќин за следниот пролетен состанок на Европската платформа на регулаторни тела (ЕПРА) што ќе се одржи од 25-28 мај 2011 година во Охрид.[…]
Featured Articles
06.10.2010г. Писмена опомена за ТВА1 поради неемитување програма
СКОПЈЕ, 06 октомври 2010 – Советот за радиодифузија (СРД) на денешната седница и’ изрече мерка „писмена опомена“ на Телевизија А1 поради самоволното прекинување на програмата на 4 октомври.[…]
04.10.2010г. СРД е изнeнаден од самоволниот потег на ТВА1 за целосен прекин на програмата
СКОПЈЕ, 4 октомври 2010 – Советот за радиодифузија (СРД) е изненаден од постапката на Телевизијата А1 да престане да емитува програма, повикувајќи се на претходна одлука на СРД. Споменатата мерка на којашто се повикува ТВА1 е изречена за време на предизборен период поради прекршување на Законот за радиодифузната дејност во однос на надминување на лимитот за рекламирање во програмата на оваа телевизија.[…]
28.09.2010г. Советот за радиодифузија им укажа на медиумите да внимаваат на заштитата на децата и на човековото достоинство во политичкото рекламирање
СКОПЈЕ, 28.09.2010 – Советот за радиодифузија (СРД) од спроведениот мониторинг на телевизиските програми констатираше, дека во последно време на повеќе телевизии постојано се емитува платено политичко рекламирање.[…]
13.09.2010г. 3D-телевизијата е хајлат на годинешниот Меѓународен конгрес за радиодифузија во Амстердам – IBC
Тридимензионалната телевизија (3D TV) е апсолутниот хајлајт на годинашниот Конгрес за радиодифузија во Амстердам (IBC). На саемскиот конгрес, што го посетија 45.000 лица од преку 140 земји со 1.400 излагачи, а на кој со свој претставник учествуваше и СРД, доминираше впечатокот дека телевизијата со висока резолуција (HDTV) полека „застарува“,[…]
07.09.2010г. СРД ги заштитува ексклузивните права на радиодифузерите
СКОПЈЕ- 07 Септември, 2010 – Советот за радиодифузија (СРД) ќе побара од сите радиодифузери навремено да го известуваат доколку емитуваат спортска или друг вид на програма со ексклузивни права, со цел да се спречи нејзино нелегално емитување преку операторите на јавни комуникациски мрежи[…]
11.08.2010г. Одземени дозволите за вршење радиодифузна дејност на три сателитски телевизии
12.08.2010г. СРД ги верификуваше мандатите на двајцата нови члена, Алма Машовиќ и Борис Арсов
СКОПЈЕ, 12 август 2010 – Советот за радиодифузија (СРД) на последната седница ги верификуваше мандатите на двајцата нови членови, м-р Алма Машовиќ дипл. маш. инг. и м-р Борис Арсов дипл. ел. инг. со што СРД сега работи во полн состав.[…]
10.09.2010г. Советот за радиодифузија побара од сите телевизии да ги почитуваат авторските права на „Вардар филм“
СКОПЈЕ, 10 август 2010 – Советот за радиодифузија (СРД) ги повика сите телевизиски станици во Р. Македонија да ги почитуваат авторските и сродните права на содржините што ги емитуваат без разлика дали се од странска или домашна продукција по реакцијата на Филмскиот ценатр „Вардар филм“ за неовластено емитување негови филмови на програмите на некои радиодифузери.[…]
23.07.2010г. Програмските пакети на кабелските оператори ставени на увид на јавноста на веб страницата на Советот за радиодифузија
СКОПЈЕ, 23 јули 2010 – Советот за радиодифузија заради поефикасна заштита на авторските и сродните права, а за поголема транспарентност на програмите што се дозволени за реемитување на операторите на јавните комуникациски мрежи[…]